We are receiving a high number of enquiries and are trying to support all during this difficult time. We will treat you with respect and courtesy and expect you to do the same. Abusive or disrespectful calls will be terminated.

македонски / Macedonian


Office of the Public Advocate (OPA) (Канцеларијата на јавниот правобранител) е независен законски орган кој ги штити и унапредува правата и интересите на лицата со онеспособеност во Викторија.

Персоналот на OPA, и повеќе од 900 доброволци, предводена од Јавниот правобранител, работат за да се отстрани злоставување, занемарување и искористување на лицата со онеспособеност или ментална болест.

Персоналот на OPA им помага на луѓето со онеспособеност или со ментална болест, нивните семејства, негувателите и поддржувачи, преку обезбедување на совети, образование, информации, истражувања, старателство и застапување.

Советодавната служба на OPA

За Советодавната служба на OPA јавете се на 1300 309 337.

Некој од Советодавната служба на OPA ќе ви се јави со преведувач.

Ако ви треба преведувач притиснете 1 за да зборувате со рецепција.

Кажете им:

  • дека ви треба преведувач
  • вашето име
  • вашиот телефонски број
  • вашиот јазик.

Некој од Советодавната служба на OPA ќе ви се јави со преведувач.

Информативни состаноци

За да дознаете за информативните состаноци на OPA, пратете електронска порака до OPA Education and Engagement Officer на [email protected]

 

Downloadable Resources